Политика за приватност

Ние, МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје сме целосно посветени и се грижиме за Вашето право да бидете информирани во однос на обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и ги користите нашите услуги како и за Вашето право на заштита на лични податоци.

МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ги презема сите расположливи технички и организациски мерки, сè со цел да обезбедиме заштита на личните податоци кои Вие ги споделувате доброволно со нас.

Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа Политика за приватност и целосно да се запознаете со содржината на истата пред да ја дадете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци.

За цел полесно дефинирање на поимите во оваа Политика за приватност ќе се водиме според тоа како истите се дефинирани и во самиот Законот за заштита на лични податоци.

1. ДЕФИНИЦИИ

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;

„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;

„Ограничување на обработката на личните податоци“ е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина;

„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување;

„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот;

„Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка;

„Трето лице“ е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект на лични податоци, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците;

„Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;

„Директен маркетинг“ е секој вид на комуникација остварена на било кој начин според најновите технолошки достигнувања, а со цел испраќање на рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина која е насочена директно до одреден субјект на личните податоци, како и обработка на лични податоци која вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со овој вид на комуникација;

2. ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНТРОЛОРОТ И ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Контролор на личните податоци е:

Друштво за промет на големо и мало МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
ул. 15-ти Корпус бр. 2, Гази Баба
1000 Скопје

E-mail: office@modelektroniks.mk
Веб-страница: www.modelektroniks.mk

Офицер за заштита на лични податоци е:

г-ѓа Сашка Спасевска
Тел: + 389 70 364053
E-mail: privacy@modelektroniks.mk
Веб-страница: www.modelektroniks.mk

3. ОСНОВ И ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКА И КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ

Вашата согласност е основ за обработка на Вашите лични податоци кои ги споделувате со МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, односно Вие ни давате согласност за обработка на Вашите лични податоци во делот: Нарачај сега, Мојата Сметка и Контакт, а со цел процесирање на извршени нарачки, маркетинг активности доколку истото е одобрено од страна на корисникот, техничка оптимизација и мониторирање на веб-страницата, како и да одговориме на поставените прашања во делот за контакт.

Освен Вашата согласност за обработка на личните податоци, кога станува збор за враќање или замена на производи, основ за обработка на Вашите лични податоци е и обврската која ја имаме согласно закон.

МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ги собира следните категории на лични податоци:

  • Во делот Нарачај сега се собираат следниве податоци:
    • Име и презиме
    • Адреса
    • Телефонски број
    • E-mail
    • Лозинка
    • Други доброволни информации оставени од корисници кои може да имплицираат личен податок
    • IP адреси
    • Технички податоци при секоја посета како оперативен систем, browser, локација според интернет провајдер, уред
  • Во делот Моја сметка се собираат следниве податоци:
    • Име и презиме
    • Адреса
    • Телефонски број
    • E-mail
    • Лозинка
    • Други доброволни информации оставени од корисници кои може да имплицираат личен податок
    • IP адреси
    • Технички податоци при секоја посета како оперативен систем, browser, локација според интернет провајдер, уред
  • Во делот Контакт се собираат следниве податоци:
    • Име и презиме
    • Адреса
    • Телефонски број
    • E-mail
    • Лозинка
    • Други доброволни информации оставени од корисници кои може да имплицираат личен податок
      IP адреси
    • Технички податоци при секоја посета како оперативен систем, browser, локација според интернет провајдер, уред

Вашите податоци се споделуваат со трети страни/екстензии како Google, MailChimp, Facebook и соодветно на тоа подлежат на политиките за приватност на самите провајдери:

  • Google: https://policies.google.com/privacy
  • Facebook: https://www.facebook.com/policy.php
  • MailChimp: https://mailchimp.com/legal/privacy/

МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се, овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи, за подобрување на функционалноста на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа, информирање на корисниците за акции и промоции на производите (директен маркетинг), за on-line нарачките достапни на интернет страницата (нарачка, испорака, замена или поврат на средства за конкретен производ), контакт со корисникот (за достава на нарачката).

Вашите лични податоци не се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје кои имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.

Обработката на Вашите лични податоци се врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

4.ПОЛИТИКИ ЗА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг информации за МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и новините кои сметаме дека се интересни и релевантни за Вас.

Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при регистрација на нашата страна или пак со оставање на Вашата е-маил адреса во делот „Newsletter”.

При регистрација како нов корисник, имате право да ја дадете својата согласност со одбирање на опцијата: “Сакам да добивам новости на мојата е-маил адреса”.

Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг информации и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: “За да се одјавите од овој newsletter, Ве молиме кликнете тука.”

5. РОК ЗА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите податоците се зачувуваат на сервер кој се наоѓа во Република Германија и кој има firewall, SSL енкрипција и регуларно се скенира за malware. Вашите податоци се задржуваат сè до исполнување на целта за која што се дадени и во согласност со сите законски рокови и прописи.

Сè дури корисникот не достави барање за бришење на податоците или истите не се во согласност со законските одредени рокови за чување на даден тип на податоци предвидени според интерните политики за чување на лични податоци на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не ги чува Вашите податоци во облик што овозможува Ваша идентификација, подолго од времето што е неопходно за остварување на целта заради која се обработуваат.

Ако е покрената управна или судска постапка, личните податоци може да се чуваат до конечно односно правосилно завршување на постапка.

По истекот на роковите за чување, личните податоци се бришат од серверот на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје или од серверите на даватели на услуги, односно се уништува хартиената документација доколку постои.

6. КОЛАЧИЊА

Веб-страницата www.ismod.mk користи колачиња.

„Колаче“ е датотека што содржи идентификатор што се испраќа од веб -сервер до веб -прелистувач и се чува од прелистувачот. Идентификаторот потоа се испраќа назад до серверот секој пат кога прелистувачот ја бара страницата од серверот.

Колачињата може да бидат „постојани“ колачиња или колачиња за сесија: постојани колачиња кои ќе се чуваат од страна на веб-прелистувач и ќе останат валидни до поставениот датум на истекување, освен ако корисникот не ги избрише пред датумот на истекување; колаче за сесија, од друга страна, ќе истече на крајот на корисничката сесија, кога веб-прелистувачот е затворен.
Колачињата може да не содржат информации што лично го идентификуваат корисникот, но личните податоци што ги чуваме за Вас може да бидат поврзани со информациите зачувани и добиени од колачиња.

Во однос на колачињата кои МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ги користи, повеќе во Политика за колачиња на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

7. ВАШИТЕ ПРАВА КАКО СУБЈЕКТ НА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Како субјект на заштита на лични податоци Вие имате право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци, право на пристап до Вашите личните податоци, право на исправка на Вашите личните податоци, право бришење на Вашите личните податоци, право на ограничување на обработката на Вашите личните податоци, право на приговор во однос на обработката на Вашите лични податоци, како и право на повлекување на согласноста дадена на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје за обработка на Вашите лични податоци.

Право на информирање – Имате право да бидете информирани кои податоци МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ги собира за Вас, за кои цели ги обработува, колку долго ги чува и дали ги открива на трети страни.

Право на пристап – Имате право да поднесете барање за пристап до Вашите лични податоци. Ова право Ви овозможува да добиете информација за податоците кои се обработуваат за Вас.

Право на исправка и бришење – Имате право да побарате исправка или дополнување, како и бришење на Вашите лични податоци ако престанала целата заради која биле обработувани, ако сте ја повлекле согласноста за нивна обработка, ако податоците биле незаконски обработувани или повеќе не постои правна основа за нивна обработка.

Право на ограничување на обработката – Имате право да побарате ограничување на обработката на личните податоци, како алтернатива на правото на бришење на податоците, ако ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци, во периодот додека МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не ја потврди нивната точност, ако сметате дека обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето или ако податоците Ви се потребни за остварување на Ваши правни барања.

Право на преносливост на податоците – Имате право да ги побарате Вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и истите да ги пренесете во друго друштво, без попречување од наша страна. Ова право е применливо кога се врши обработка на лични податоци врз основа на согласност или договор и кога обработката се врши со автоматизирани средства.

Право на приговор – Имате право на приговор, ако обработката на Вашите лични податоци се врши за цели на директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг или за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели.

Право на повлекување на согласноста – Вашата согласност за обработка на личните податоци можете да ја повлечете во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката која се вршела врз основа на согласност пред отповикувањето.

Право на пристап во согласност со член 19 од Законот за заштита на личните податоци – Имате право бесплатно да побарате информација за тоа дали обработуваме Ваши лични податоци, пристап до тие податоци, како и информации за видот на личните податоци кои се обработуваат; за корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени личните податоци, особено корисниците во трети земји или меѓународни организации; за предвидениот рок за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа не е возможно, критериумите што се користат за одредување на тој период; за постоењето на право да се бара од страна на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје исправка или бришење на личните податоци; право на ограничување на обработката на личните податоци поврзани со субјектот на личните податоци и право на приговор против таквата обработка; право да се поднесе барање до државниот орган (Агенцијата за заштита на личните податоци); за изворот на лични податоци (достапни информации), ако личните податоци не се обезбедени од лицата на кои се однесуваат (од Вас); за постоење на постапка за автоматизирано донесување на одлука, вклучувајќи профилирање од член 26 став 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци, и во тие случаи, неопходни информации за логиката која при тоа се користи, како и за важноста и очекуваните последици на таа обработка за лицето на кое податоците се однесуваат (на Вас).

Имате право да бидете информирани за личните податоци кои се пренесуваат во друга држава или меѓународна организација како и за соодветните мерки на заштита кои се однесуваат на пренесувањето, а во согласност со член 50 од Законот за заштита на личните податоци.

Право на исправка во согласност со член 20 од Законот за заштита на личните податоци – Имате право да барате да Вашите неточни лични податоци, без непотребно одложување, бидат исправени. Во зависност од видот на обработката, имате право да своите непотполни лични податоци да ги дополните, што вклучува и давање на дополнителни изјави.

Право на бришење во согласност со член 21 од Законот за заштита на личните податоци – Имате право да барате Вашите лични податоци да се избришат од МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје во следните случаи:

  • Личните податоци веќе не се неопходни за остварување на целта поради која се собрани или обработени на друг начин;
  • Доколку сте ја повлекле согласноста врз основа на која се вршела обработката, во согласност со член 10, став (1), точка 1 или член 13 став (2), точка 2 од Законот за заштита на личните податоци, а нема друга правна основа за обработка;
  • Кога ќе поднесете приговор на обработката согласно член 25, став 1 или 2 од Законот за заштита на личните податоци, а нема друга правна основа за обработка која преовладува над легитимниот интерес, правото или слободата на лицето на кое се однесуваат податоците;
  • Личните податоци незаконски се обработени;
  • Личните податоци мора да бидат избришани со цел извршување на нашите законски обврски;
  • Личните податоци се собрани во врска со користење на услуги на информатичкото општество од член 12, став 1 од Законот за заштита на лични податоци;
  • Доколку МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје јавно објави лични податоци и доколку сме должни да ги избришеме податоците, ние ќе ги преземеме сите разумни мерки, вклучително и технички мерки, во согласност со достапните технологии и можности за покривање на трошоците за нивна употреба, со цел известување на други контролери кои тие податоци ги обработуваат, дека сме поднеле барање за бришење на сите копии на податоци и барања, односно електронски врски со тие податоци.

Право на ограничување на обработката во согласност со член 22 од Законот за заштита на личните податоци – Имате право да барате да ја ограничиме обработката на Вашите лични податоци доколку е исполнет еден од следниве услови:

  • Ја оспорувате точноста на личните податоци, во рок кој ни овозможува проверка на точноста на личните податоци;
  • Обработката е незаконска, но не дозволувате бришење на личните податоци и наместо бришење барате ограничена употреба на податоците;
  • На контролорот не му се потребни повеќе личните податоци за остварување на целта на обработката, но Вас Ви се потребни со цел поднесување, остварување или одбрана на правно барање; или
  • Имате поднесено приговор на обработката во согласност со член 25, став 1 или 2 од Законот за заштита на личните податоци, а во тек е проценка дали правната основа за обработка од страна на контролерот ги надминува Вашите интереси.

Право на преносливост на податоците во согласност со член 24 од Законот за заштита на личните податоци – Имате право да Вашите лични податоци, кои претходно сте ни ги доставиле, ги примите во структурирана, вообичаено користена и електронски читлива форма и имате право да тие податоци ги пренесете на друг контролор без проблем од наша страна, ако кумулативно се исполнети следниве услови:

  • Обработката е заснована на согласност во рамките на член со 10, став (1), точка 1 или член 13 став (2), точка 2 од Законот за заштита на личните податоци или врз основа на договор, во согласност со член 10, став (1), точка 2 од истиот закон; обработката се врши автоматизирано.
  • Ова право го опфаќа и правото да Вашите лични податоци бидат непосредно пренесени на друг контролор директно од наша страна, под услов да е тоа технички изводливо.

Право на приговор во согласност со член 25 од Законот за заштита на личните податоци – Под условите од член 25 став 1 од Законот за заштита на личните податоци, обработката на податоците може да биде предмет на приговор од причини кои зависат од вашата конкретна ситуација – Имате право во секој момент до МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје да поднесете приговор на обработката на Вашите лични податоци, која се врши во согласност со на член со 10, став (1), точка 6 од Законот за заштита на личните податоци, во кој случај ние сме должни да прекинеме со обработка на Вашите податоци, освен во случај ако постојат законски причини за обработка кои ги надминуваат интересите, правата или слободата на лицата на кои се однесуваат податоците или се во врска со доставување, остварување или одбрана на правното барање.

Во однос на остварување на Вашите права може во секое време да не контактирате преку нашиот Офицер за заштита на лични податоци, како и преку e-mail адресата или контакт формата на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје личните податоци не ги се обработува за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.

МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје целосно го почитува начелото на минимален обем на податоци и ги собира само оние податоци кои се потребни, релевантни и ограничени за исполнување на целта заради која се обработуваат. МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ги обработува Вашите лични податоци во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци.

Личните податоци што ги обработува МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје се заштитени од неовластен пристап, откривање, употреба, менување или уништување. Податоците се чуваат во нашите деловни простории и во нашиот информациски систем, но и на сервери на даватели на услуга со кои МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје има склучено договори со кои се осигурува дека давателите на услуги, како обработувачи на лични податоци ги почитуваат прописите за заштита на лични податоци.

Ниту МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ниту нашите даватели на услуги, нема да ги проследат Вашите податоци на користење на трети страни, освен ако за тоа има согласност од Ваша страна или постои законска обврска.

Само лицата кои се овластени од страна на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје имаат право да пристапат до Вашите лични податоци, до степен потребен за извршување на нивните работни задачи или ангажман, а согласно издадените овластувања за вршење на обработка на личните податоци.

МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје применува технички и организациски мерки за заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста на податоците, соодветно на ризикот.

8. ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Доколку сметате дека МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје на било кој начин не ги обработува вашите лични податоци согласно одредбите предвидени во Законот за заштита на лични податоци имате право да се обратите до:

Агенција за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
www.dzlp.mk
info@privacy.mk

9. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ

Политиката за приватност на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје може да се менува и дополнува соодветно на потребите кои ќе се појават од активностите и услугите кои се нудат.

Последна промена на: 01.02.2023 година

To top