Објавено на 26 мај, 2023

НОВИ, НАМАЛЕНИ цени на вашите омилени ISMOD уреди!

Одлични вести за возрасните консументи кои размислуваат да ги сменат старите навики и да применат нови производи од несогорлив тутун: ISMOD сега има нови намалени цени на своите најпопуларни и најбарани уреди ISMOD Nano и ISMOD Mini!

Која е новата цена на најбарaните уреди на пазарот?

Moќниот ISMOD Nano отсега е достапен за 900 денари, а практичниот Mini може да биде Ваш за само 600 денари!

Повелете тука, на ismod.mk, или во ГТЦ, во ISMOD Store!

Објавено на 9 март, 2023

ISMOD MINI достапен – СЕГА!

Со супер тематска забава организирана во ISMOD Store, скопјани пред неколку дена имаа можност да се запознаат со новиот ISMOD Mini уред за загревање тутунски производи.  

Убавата атмосфера со одлична музика, го поткрена расположението на присутните кои имаа можност одблиску да се запознаат со најуникатниот уред од познатиот бренд. 

ISMOD следејќи ги трендовите и одговарајќи на предизивиците кои ги носи новото модерно време го создаде впечатливиот Mini уред кој е веќе во продажба online преку ismod.mk страната, како и во ISMOD Store во ГТЦ, приземје.

Со неодоливиот дизајн, достапен во повеќе бои, и со своите 40 грама, Mini е најлесниот уред на пазарот. Воедно, тој претставува одлична и примамлива прилика за сите возрасни консументи кои сакаат да ги заменат традиционалните цигари со нов иновативен уред кој не испушта штетен чад, не мириса и не прави пепел. 

Објавено на 9 февруари, 2023

ISMOD Store во Градски Трговски Центар, Скопје

Се отвори првото продажно место на ISMOD, а со тоа и единственото во нашата земја за продажба на Уреди за загревање патрони од несогорлив тутун!

ISMOD Store се наоѓа во центарот на Скопје, во ГТЦ на приземје, во коридорот према кафулињата, веднаш спроти влезот на административните канцеларии на ГТЦ.

Претставува продажен простор за консултација и потребни информации за Уредите ISMOD, како и за овој тип на консумација тутунски производи за возрасни. Но, исто така овој простор е и концептуален, каде сите заинтересирани имаат можност слободно да го користат за работа или учење, а тимот на ISMOD Store ќе ви помогне и во реализација на вашата изложба, работилница, промоција и сличен вид настани – бесплатно!

А да, и pet friendly сме! 

Објавено на 3 февруари, 2023

ISMOD Store наскоро!

На 08.02.2023(среда) се отвора првиот презентациски-продажен салон во центарот на Скопје, во ГТЦ!

ISMOD Store, покрај комерцијалниот аспект, ќе има и друга димензија!

Направен е како пријатно ново градско катче, каде што сите намерници во пријатна атмосфера ќе имаат можност да испијат раат кафе, слободно да го користат просторот за работа, учење или добра книга, а тимот на ISMOD ќе ви помогне во реализација на вашата изложба, работилница, промоција и сличен вид настани. И тоа бесплатно!

Повелете!

Објавено на 15 декември, 2022

NMate подарок во SCM!

Од денес, 15-ти декември 2022 до 10-ти јануари 2023 дојди на продажното место на ISMOD во Skopje City Mall и добиј подарок NMate уред!

NMate е еден од најуникатните уреди за загревање патрони од несогорлив тутун на пазарот. Самото ставање на патронот од несогорлив тутун NMate го препознава и уредот сам се активира со што и започнува сесијата.

Побрзај, количините се ограничени!

Објавено на 14 декември, 2022

SCM отворено продажно место!

Од утре, 15-ти декември 2022 ISMOD го отвора својот прв Pop-up store во Skopje City Mall!

Дојдете и информирајте се за нашите Уреди за загревање патрони од несогорлив тутун и дознајте повеќе за сите понуди кои ги нудиме!

Се наоѓаме на прв спрат, кај LC Waikiki.
Ве очекуваме!

Објавено на 26 септември, 2022

Nano, новитет на пазарот!

По доаѓање на ISMOD II Plus уредот на македонскиот пазар, Ви го претставуваме ISMOD Nano.

Со своите 49 грама, ова е најлесниот единечен Уред за загревање на патрони од несогорлив тутун и тежи дупло помалку од сите останати.

ISMOD Nano има опција за прилагодување на интензитетот на загревањето меѓу слабо/средно/јако ниво, и го отстранува патронот со едноставно копче на лизгање на страната на уредот.

Објавено на 24 септември, 2022

II Plus е тука!

ISMOD II Plus е најуникатниот модел од асортиманот на ISMOD со можност за делење на сесијата на консумирање со друго лице.

ISMOD II Plus држачите кликнуваат назад во полначот со помош на магнети, држејќи ги безбедно на лежиштето. Со еден од држачите може да уживате во две последователни сесии, а потоа додека се полни испразнетиот имате можност повторно во наредни две да уживате со вториот.

Објавено на 21 септември, 2022

ISMOD пристигна

За првпат во нашата земја, иновација и напредна технологија во уникатните уреди на загревање патрони од несогорлив тутун ISMOD!

 

ISMOD уредите како и сите пропратни и потребни аксесоари, возрасните корисници на тутун и тутунски производи ќе можат да ги побараат во сите подобро снабдени продажни ланци, бензински пумпи, индивидуални продавници и киосци насекаде низ државата.

 

ISMOD уредите се наменети за сите оние кои се подготвени да сменат нешто на подобро. Некогаш навики, а некогаш и себеси!

To top