Информации од корист

ISMOD™ уредите не се без ризик!

ISMOD уредите користат патрони од несогорлив тутун што се тутунски производи кои содржат никотин.

Бремените и жените кои дојат, како и луѓето кои имаат или се под ризик за срцеви заболувања, се епилептичари и/или се соочуваат со напади, како и дијабетичари и луѓе од други здраствено ранливи категории не треба да користат производи кои содржат никотин.

Доколку имате прашања во врска со вашата постоечка здравствена состојба и дали треба да користите ISMOD™, консултирајте се со вашиот лекар.

Сепак, најдобрата ваша одлука е да престанете со консумирање на тутунски производи!

Како функционира ISMOD уредот?

Целта на ISMOD уредот е да гo зaгрее патронот од несогорлив тутун со кој начин се создава аеросол кој содржи никотин во помали количества во однос на традиционалната цигара, но и со значително намалени количини на штетни и потенцијално штетни конституенти во споредба со оние кои се продуцираат кај традиционалната цигара. Тоа е овозможено од пониските температури кои се користат за загревање патронот од несогорлив тутун, за разлика од повисоките кои се користат за согорување на тутунот во традиционалната цигара.

При согорувањето на тутунот во традиционалната цигара на високи температури (на повеќе од 800оС) се создава многу штетни и потенцијално штетни конституенти, а принципот на ISMOD уредот е да го намали создавањето и изложеноста на штетни и потенцијално штетни конституенти преку контролирано загревање на патроните од несогорлив тутун, на пониски температури до 350оС(во споредба со температурите на традиционалната цигара), кои не предизвикуваат согорување на тутунот, за да преку испарување на некои од состојките во реконституираниот тутун (тутунското фолио) се создаде аеросол кој е прифатлив за консуматорите.

Во ISMOD уредот не се случуваат процесите на согорување, пиролиза и прогенеза на тутунот кои функционираат на температури над 400оС и кои се во голема мера одговорни за формирањето на штетните и потенцијално штетните состојки содржани во конвенционалниот чад од традиционалните цигари. Во ISMOD уредот, тутунот се загрева наместо да согорува, што резултира со значително намалување на штетните и потенцијално штетните состојки во споредба со традиционалните цигари.

Употреба на патрони од несогорлив тутун

Употребувајте само:

  • ISMOD II Plus™ со Nuso™ патрони од несогорлив тутун
  • ISMOD Nano™ со Nuso™ патрони од несогорлив тутун
  • ISMOD NMate™ со Nuso™ патрони од несогорлив тутун
  • ISMOD Mini со™ Nuso™ патрони од несогорлив тутун

Важно е да знаете дека може да дојде до повредување на ISMOD уредот доколку го користите со некои други патрони од несогорлив тутун, освен со Nuso™ патроните од несогорлив тутун.

Не ги менувајте патроните од несогорлив тутун, ниту на истите додавајте некакви супстаници!

Батерија и капацитет

ISMOD уредите, телата заедно со држачите, користат литиум-јонска батерија.

Tреба да знаете дека истата има век на стареење, т.е. дека е потрошна и нејзиниот капацитет се намалува со тек на времето како се употребува и старее. Тоа резултира со намалување на можноста на батеријата да обезбеди доволна моќ за правилно и најдобро функционирање на електронскиот уред, така вашите сесии може да делуваат пократки, а по полнењето времето на полна батерија да биде помало.

Со цел да се забави овој процес на природно стареење на батеријата, препорачуваме да го полните уредот во препорачана температурна зона, да не го оставате истиот испразнет долг временски период и да го користите кабелот кој доаѓа заесно со ISMOD уредот.

To top