1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Оваа интернет страница (www.ismod.mk) е во сопственост на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и е наменета за пребарување и купување на производи и услуги, која може да ја користат сите правни и физички лица над 18 години.
Со посетата на оваа интернет страница се согласувате и сте обврзани да ги почитувате овие Услови на користење па затоа пред да ја користите нашата интернет страница Ве молиме внимателно да ги прочитате.
МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не презема никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал овие услови за користење и не ги применува истите.
Доколку не се согласувате со било кој дел од услови за користење Ве молиме веднаш да ја напуштите оваа интернет страница и да прекинете да ги користите услугите кои се нудат.
Овие услови за користење може да се променат во било кое време, без претходно известување.
Во овие услови за користење, под терминот “корисник” на оваа интернет страница се сметаат посетителот и купувачот, а кои ги имаат следните значења:
(i) Посетител на страницата е секое физичко лице над 18 години кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на интернет страницата www.ismod.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги.
(ii) Купувач е физичко лице над 18 години или правно лице кое преку интернет страницата нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје на интернет страницата www.ismod.mk.
За корисникот кој стапува во деловен однос со МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје се применуваат овие Услови за користење, како и позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
2. ПОНУДИ И ЦЕНИ
Сите производи се прикажани на интернет страницата заедно со јасна информација за цена.
Сите понуди и цени достапни на интернет страницата може да се променат во било кое време, без претходно известување.
МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје го задржува правото да ги менува понудите и цените и за промотивни цели, без претходно известување.
3. ПОЛИТИКА НА ИСПОРАКА И ПЛАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Испораката на Вашите нарачки се врши од страна на лица вработени во МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, кои вршат наплата при доставата со мобилна фискална каса и/или преку курир служба.
Производите кои се нудат од страна на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје се уреди за загревање на патрони од несогорлив тутун.
Со оглед на тоа производите се наменети исклучиво за полнолетни лица над 18 години и истите нема да бидат испорачани на лица помлади од 18 години.
Возраста при испорака се проверува од страна вработени во МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и/или курирот преку личните документи на корисникот (лична карта, возачка дозвола, пасош).
Испораката се врши на местото кое како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка.
Корисникот е должен да обезбеди точна адреса и доволно насоки за да може доставата да се изврши од страна на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и/или курир служба.
Доставата на производите во градот Скопје е бесплатна за секоја нарачка чија вредност изнесува над 900 денари.
За достава до други места низ Република Северна Македонија не е бесплатна, се наплаќа со надомест од курир службата во зависност од местото од каде е направена нарачката.
Времето за испорака е во рок од 2 до 3 работни дена од денот на потврдата дека нарачката е примена за територија на градот Скопје.
За останатите делови на Република Северна Македонија рокот за достава е 3 до 5 работни дена од денот на потврдата дека нарачката е примена.
Според овие Услови, Вие прифаќате дека овластени претставници на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје може да Ве контактираат Вас за работи поврзани со одредување на доставата и продажба на производите.
МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не е во можност со преземање на разумни дејствија да ги спречи, избегне или отстрани.
При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на вработениот на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје или курирот од курир службата, и доколку нарачката е целосна и соодветна се потпишува на Изјава за Заштита на лични податоци.
4. ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА
Корисникот на кој му е испорачана нарачка од МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.
Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот во чија корист е извршена и испорачана нарачката од МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, освен ако се утврдило дека производот кој е доставен од страна на МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје е несоодветен или неисправен.
Во случај на враќање на производите и барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата ќе бидат вратени во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
5. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Овие услови за користење ќе се раководат и толкуваат во согласност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија.
Секој спор или барање кое може да произлезе од или во врска со услови за користење или во врска со нивното спроведување, страните ќе се обидат да го решат спогодбено. Во спротивно, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.